Мисла на денот: Често велиме…

Често велиме „Не те сакам” кога сме луди од љубов.

Често велиме „Мразам”, само за да си поверуваме сами.

Често велиме „Збогум”, надевајќи се дека ќе го видиме тој човек повторно.

Велиме „Оди си”, за да не ги гледа никој нашите солзи.

Често велиме „Никогаш”, иако знаеме дека тоа ќе се случи повторно.

Често велиме  дека веќе не сакаме, кога ни е страв да ги признаеме чувствата.

Велиме дека сме заборавиле кога мислата за човекот не ни дава мир.

Велиме дека сме избришале нечиј број, кога го знаеме напамет.

Велиме „Се заврши”, кога сè само што започна.

Понекогаш не можеме да кажеме „Те сакам” кога ни е страв да го слушнеме одговорот.

Бараме да не остават сами, кога најмногу ни треба некој.

Се надеваме кога немаме никакви шанси . Чекаме дури и кога знаеме дека веќе не заборавиле. сонуваме, знаејќи дека тоа никогаш нема да се случи.

- Реклама -