Да си убава во Уганда не е доволно за да победиш на локалниот натпревар за убавина.
Мис Уганда треба да знае како да молзе крави и да пасе овци, гласи регулативата на овогодинешното издание на натпреварот.
Трката беше посветена на промовирањето на земјоделството, што е основата на економијата на земјата.
Поради своите вештини да се грижи за домашни животни, 23-годишната Леа Калангурка се наметна над останатите 19 финалистки.
Освен што сигурно може да молзе крави и да пасе овци за мисцата се знае дека се занимавала со одгледување на кокошки и се разбира со печурки.
Погледнете ја: