Мишел Родригез во дамско издание за „Cosmopolitan“

Иако во последното продолжение на „Fast & Furious“ пред сѐ се радуваме на машката екипа, од првиот дел нѐ освои и прекрасната Мишел Родригез.

За враќањето на филмското платно на 34-годишната Мишел повторно се заинтересираа многу магазини, па актерката заблеска на насловната на „Cosmopolitan for Latinas“ во прекрасни фустани.

„Јас можам сѐ да претворам во секси. Можам да облечам јакна и ништо под неа“, изјавила славната актерка, позната по својот „моторџиски“ стил. Затоа ни е драго да ја видиме во вакво необично дамско издание.

michelle narančasta

Во интервјуто открила детали од нејзиното бурно минато што вклучува апсења и одвикнување од алкохол.

„Имав лоши моменти, цел свет го знае тоа. Имам моменти кога одам само напред. но понекогаш застанувам. Токму минатата година ми беше таква. Бев против сите, па дури и против себе“, открила таа.

michelle crna

Но, се чини дека оваа година ќе биде поинаква. Мишел повторно глуми, а планира да седне и на режисерското столче, за што наскоро ќе дознаеме сите.

- Реклама -