„Личниот стил се состои во вештината да се изразува своето внатрешно јас преку облеката, но пред сè во тоа да се трошат пари на некој друг”.
Ова е прв моден совет, кој Мис Пиги им го дава на своите многубројни обожавателки.
Години пред да се проговори за анорексичните модели во модата, Мис Пиги е неоспорна модна икона – вистинско олицетворение на жените со облини+ со самодоверба. За неа работат најголемите имиња во модата, а последната корица на моден магазин, на кое е фотографирана таа е британскиот Elle.
Иако и на шега, но е факт е дека сликата на силуетата на Мис Пиги им е позната на генерации девојки од целиот свет, а нејзината храброст да се облекува провокативно е пријатно заразна.
Ова е една фотосесија на Мис Пиги во облека и обувки, изработена специјално за неа од дизајнери како Прада, Брајан Атвуд, Jason Wu, Prabal Gurung. Еве ја магијата на модата, која може да направи елегантна дури еден цртан лик, надвор од стандардите за убавина, на кои што треба да се гледа со многу скептицизам.