Мирко Попов е добитник на 6ти Ноември – највисоката награда на Валандово

Советот на општина Валандово, едногласно одлучи највисоката општинска награда 6Ноември, да се додели постхумно, на Мирко Попов.

Мирко Попов е по потекло валандовчанец и еден од најистакнатите културни дејци во државата. Како креатор на електронската клупска музичка сцена, организирал бројни музички настани и фестивали и стои зад повеќе од 300 изданија македонска музика.

Еден од последните и за Мирко многу драг проект, со кој го заокружува својот музички влог во македонскиот културен идентитет е проектот „Распеани Валандовчани“ – т.е. снимањето на плоча со староградска музика од градот Валандово.

Прочитајте и:  Премиера на „12“ со моќна актерска екипа како поротници
- Реклама -