Топ моделот Миранда Кер, која наскоро ќе се врати меѓу редовите на модната марка Victoria’s Secret, Миранда Кер, беше фотографирана за прв пат со нов дечко – креаторот на апликацијата Snapchat, Еван Шпигел.
Рака под рака, тие прошетаа на шопинг во Лос Анџелес. Двајцата изгледаат многу среќни и заљубени и не престануваат да се смеат на фотографиите. Изгледа дека на Миранда Кер и се допаѓаат паметни мажи, со оглед на тоа што Snapchat е исклучително популарна апликација во моментов и има милиони следбеници низ целиот свет.
Откако нејзиниот поранешен сопруг Орландо Блум веќе си најде нова девојка – бразилската актерка Луиза Мораес, сега дојде ред и на Миранда да продолжи напред. Разликата меѓу Миранда и Еван е 7 години во корист на убавицата, а тоа изгледа ни малку не и пречи новата двојка, па така тие се шетаат горди и среќни пред објективите на папараците.