Миранда Кер проговори за најчудните односи со поранешниот – Орландо Блум.Моделот рече дека иако се разделени, со актерот се сè уште многу блиски.
„Се сакаме и многу се држиме еден со друг”, искрена е Миранда.
Освен тоа поранешната љубов на Орландо признава уште дека двајцата редовно се слушаат по телефон и зборуваат со часови за своите работи – главно за нивниот син Флин.
„Останавме многу добри пријатели и се поддржуваме во секој потфат”, вели Кер.
Потсетуваме дека Миранда Кер и Орландо Блум, кои имаат 3-годишно момче, ставија крај на нивниот брак минатата година. Обожавателите меѓутоа уште се прашуваат зошто двојката се раздели, штом толку многу се сакаат. Според една од верзиите Миранда го изневерила на Орландо со познат бизнисмен-милионер и тоа го натерало актерот да стави крај на заедничкиот живот.