Миранда Кер последен пат се фотографираше како „Ангел на Викторија“. Барем за сега затоа што славната менекенка не го продолжи тригодишниот договор вреден милион долари со најпознатиот бренд за долна облека „Викторијас сикрет“.
Сопругата на холивудскиот актер Орландо Блум често ги красеше насловните страни и билборди ширум светот облечена само во секси долна облека. Иако се појавија приказни дека компанијата ја отпуштила по тригодишна соработка затоа што била разгалена, Миранда тврди дека тоа не е точно.
„Сигурна сум дека секој кој работи со мене може да каже дека тие приказни не се точни“, рекла австралиската манекенка за “Сиднеј морнинг хералд“ и додала дека не можела да му се посвети целосно на брендот поради семејни обврски.
Кер ќе учествува на ревиите на „Викторијас Сикрет“ но, ќе биде плаќана по ден.