Врел бакнеж на Кајли Миног и Рајли Кио

Пејачката Кајли Миног (44) повторно се враќа на големите екрани, но овој пат со улога во романтчната хорор-драма Jack and Diane.

Откако кон крајот на осумдесетите години на минатиот век се проби со улогата во популарната серија Neighbours, а глумеше и во филмовите The Delinquents, Street Fighter и Bio-Dome, убавата Австралијка одлучи да ја напушти глумата и да се посвети на музичката кариера. Сепак, се чини дека таа не заборавила на актерството.

Во романтичната хорор-драма Jack and Diane, Миног ја толкува лезбејката Тара која ја заведува Џек. Улогата на Џек, пак, ја толкува внуката на легендарниот Елвис Присли, 23-годишната Рајли Кио. Една е највпечатливите филмски сцени е онаа во која двете разменуваат врел бакнеж.

Кајли се појавува во малку поинакво издание од она на кое сме навикнати. Таа има големи тетоважи, неуредна коса и не носи атрактивни парталчиња во кои обично ја гледаме во нејзините спотови.

Филмот го прати животот на две девојки што се запознаваат во Њујорк, каде за кратко време се вљубуваат една во друга. Покрај Кио и Миног, во филмот глуми и британската глумица Џуно Темпл, која ја толкува Дајен. Jack and Diane е снимен под режисерската палка на Бредли Раст Греј.

{youtube}_KRnyK4MDSo{/youtube}

- Реклама -