Додека двата најголеми табора меѓу корисниците се расправаат дали чувањето на онлајн приватноста е доволна причина да не се симнува апликацијата FaceApp, а американските безбедносни агенции предупредуваат дека се работи за руска алатка за собирање на податоци, на апликацијата не остануваат имуни дури ни министри.
Во нашиов случај, премисата зад апликацијата очигледно го заскокоткала и министерот за надворешни работи – Никола Димитров, барем доволно за и тој на друштвените мрежи да сподели слика од тоа како ќе изгледа 20 години подоцна.
… Но со мал твист, како што гледате.