Министерство за здравство во Газа: Бројот на жртви се зголеми на 9.227

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во изминатите 24 часа загинале уште 196 лица, што значи дека вкупниот број на жртви на палестинска територија се зголемил на 9.227.

Меѓу загинатите има 3.826 деца и 2.405 жени, додека 2.100 лица се водат како исчезнати под урнатините.

Портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал-Кидра, рече дека на болниците во Газа им снемува гориво и дека болниците во Индонезија и Шифа користат помали генератори за да ја задржат струјата само во единиците за интензивна нега, инкубаторите и операционите сали.

Тој го повика Меѓународниот комитет на Црвениот крст да помогне во испораката на крв од сите крвни групи и му се заблагодари на Египет за евакуацијата на десетици ранети на лекување во изминатите три дена, додавајќи дека се уште има стотици сериозни случаи кои треба да се евакуираат.

Прочитајте и:  Десетици вооружени хулигани запалија трамвај во Амстердам

Во Израел, повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, беа убиени во нападите на Хамас на југот на Израел, а околу 240 беа киднапирани и однесени во Појасот Газа.

МИА

- Реклама -