Министерство за здравство: Досегашните мерки остануваат во сила

Комисијата за заразни болести денеска одржала состанок на кој е разгледана можноста за олеснување на досегашните мерки за превенција и заштита од ширење на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести одлучиле да препорачаат до Владата на Република Северна Македонија сите досега донесени мерки да останат на сила.

Трендот на нови случаи со КОВИД-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките.

Министерството за здравство апелира до граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку 2 метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот помеѓу граѓаните е помал од пропишаното.

- Реклама -