Министерство за образование оди кај ДУИ – на местото на Царовска ќе седне Јетон Шаќири

ДУИ и СДСМ ќе разменуваат ресори во новата Влада, откако во истата се приклучи и Алтернатива со своите 4 пратеници.

Како што објави „Слободен печат“ повикувајќи се на висок функционер во Владата, СДСМ и ДУИ се договориле интегративците да го добијат Министерството за образование и наука, додека Министерството за земјоделство (каде министерското место е празно поради оставката на Арјанит Хоџа од БЕСА, која премина во опозиција) да се врати во рацете на СДСМ.

Оттука, според информациите на повеќе медиуми, на местото на Мила Царовска во Министерството за образование најверојатно ќе седне досегашниот министер за информатичко општество и администрација – Јетон Шаќири (од ДУИ), додека нов министер за земјоделство ќе биде досегашниот заменик-министер – Трајан Димковски (од СДСМ).

Прочитајте и:  СДСМ: По вчерашното интервју на Сиљановска jасно е дека таа нема достоинство да биде претседателка на државата

Пред три дена, досегашната министерка за образование – Мила Царовска, ја соопшти одлуката да не учествува во новата Влада.

Претходно, според договорот, Алтернатива требаше да го добие Министерството за информатичко општество и администрација, а ДУИ да го преземе Министерството за земјоделство.

- Реклама -