Министерот за одбрана на Германија: Немаме војска способна да ја одбрани земјата ако биде нападната

Неодамна избраниот германски министер за одбрана, Борис Писториус, изјави дека германската армија не е подготвена да ја брани Германија во случај земјата да биде нападната.

„Немаме вооружени сили способни да ја бранат земјата од брутална офанзива и агресивна војна“, рече тој за време на состанокот со членовите на неговата Социјалдемократска партија (СПД).

Според него, германските вооружени сили (Бундесвер) немаат доволно луѓе или опрема, а тоа се должи на, како што рече, децениското запоставување од страна на сојузната влада. Поради тоа, потенцираше Писториус, Германија ќе мора многу повеќе да инвестира во одбраната за да ги достигне неопходните стандарди на НАТО.

Највисоко рангираниот офицер на Бундесверот, генерал-полковник Алфонс Маис, ги потврди зборовите на Писториус, потенцирајќи дека ниту 100-те милијарди евра наменети за германската армија од страна на канцеларот Олаф Шолц, нема да бидат доволни за таа војска да биде способна за евентуална војна.

Прочитајте и:  Мерц ја повикува Европа да му покаже заби на Трамп

Армин Папергер од „Рајнметал“ (најголемиот германски воен добавувач), пак, за медиумите изјави дека Германија во Украина транспортирала два од најважните одбранбени системи наменети за одбрана на главниот град Берлин.

Извор: МИА

- Реклама -