Министерот Дураки бил изваден од контекст, но и жали што не се изразил доволно јасно

Откако вчерашната неумесна изјава на министерот за животна средина – Садула Дураки, предизвика остри реакции во јавноста и денеска инспирираше дел од медиумите да ѕирнат во неговите месечни примања, од Министерството за животна средина и просторно планирање е објавено соопштение во кое министерот изразува жалење што не се изразил доволно јасно.

„Владата ја дефинираше борбата со аерозагадувањето за свој стратешки приоритет. Министерот Дураки во својата изјава за медиумите ја потенцираше Програмата за справување со аерозагадувањето и укажа дека граѓаните имаат право да преземаат свои дејствија. Министерот изразува жалење за тоа што не се изразил доволно јасно и што тоа предизвика реакции во јавноста“, стои во соопштението.

Прочитајте и:  Донесена Наредба за воведување мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции

Во меѓувреме, во коментар за „Телма“, министерот се пожалил дека бил изваден од контекст. Како што дознаваат од „Телма“, Владата нема да побара одговорност од министерот за ваквата изјава, затоа што не зборувал добро македонски.

- Реклама -