МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД ЈУЛИ ЌЕ ИЗНЕСУВА 13.000 ДЕНАРИ

Минималната плата од јули да биде 13 илјади денари, преговараат синдикатите, работодавачите и Владата. Премиерот Заев верува дека во следните месеци ќе се најде начин како да бидат задоволни и работниците и работодавачите кои сега се жалат дека бизнисот не може да го истржи новото покачување без субвенции од државата. Во моментов минималната плата, која според Закон треба да биде исплатена изнесува 12 507 денари. Заев уверува дека буџетот е во добра кондуција може да издржи субвенционирање на уште едно зголемување на минималецот.

Работодавачите пак сметаат дека работниците во земјата не се доволно продуктивни за повисоки плати, а тоа го покажуваат и анализите на Светска банка и ММФ. Зголемувањето на минималецот ги демотивира работниците со просечни плати, а ќе предизвика и проблеми кај трудоинтензивните дејности, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

Министерката за труд рече дека државата минатиот месец ги субвенционирала минималните плати за 5 илјади работници. Таа денес на денот на трудот ги охрабри рабитниците да ги пријавуваат сите прекршувања на работницчките права. Минималната плата беше зголемена во 2017 година на 12 илјади дена. Во Владината програма стои дека на крајот на следната година таа треба да порасне на 16 илјади денари.

- Реклама -