Минимализмот како стил на уредување на ентериерот всушност е откажување од непотребните предмети и акцентирање на мебелот кој е неопходен.
Минималистичкиот стил подразбира мебел со едноставна форма и без впечатливи детали, големо слободно пространство и практично отсуство на аксесоари кои се својствени за традицоналните ентериери.
Основната идеја на овој стил е функционалноста. Корените на овој стил се лоцирани во јапонската култура, а основата ја сочинува вештината вешто да комбинираат различни бои и нијанси за да се овозможи светлина во целиот простор.
Несомнена предност на ваквиот стил е брзото и едноставно одржување на хигиената во домот затоа што отсуствуваат ситните украсни елементи, рамки, статуетки итн.
Доколку посакувате едноставност во домот, тогаш инспирацијата за ваквиот стил побарајте ја во фотографиите подолу!