Минималистички обувки

минимализамНие луѓето сме создадени за трчање, но многу луѓе не можат да трчаат поради болки во нозете. Причина за овие болки најчесто се тешките обувки кои создаваат проблеми за тетивите. Најдобриот начин за трчање е без обувки, но тоа не е секогаш можно.

Ако сакате да трчате боси, тогаш овој минималистички концепт на Фрике Северс е за вас. Производот инвентивно наречен Footsticker е флексибилна пластична мембрана која се лепи на стапалото и делува како втора кожа. Северс има создадено три различни дизајни замислени за различни активности.
минимализам
Лепенките со крем боја се јога-лепенки и тие нудат заштита за петата и палецот, и треба да спречат лизгање за време на вежбите. Другите облици нудат заштита за време на активности како танцување или боречки вештини, штитејќи ги најупотребуваните делови од стапалото без да го ограничуваат движењето на мускулите и коските.

Овие „обувки“ можеби и не се баш најсоодветни бидејќи оставаат големи непокриени површини кои ќе бидат подложни на остри предмети, но се одлични за активности во затворен простор, или за трчање по атлетска патека – поради отсуството на опасности како стакло и мали камчиња. Дополнителна корист е што вашите стапала слободно ќе дишат, па се намалува ризикот од несакани миризби. [Footstickers-Feel the movment of your feet]

- Реклама -