Од пред извесно време се знае дека Mercedes-Benz подготвува компактен кросовeр на новата платформа со преден погон, MFA. Сепак, како ќе се вика, како ќе изгледа и кога ќе се појави на пазарот, сè уште е непознато.
Во согласност со новите принципи на Mercedes-Benz за именувањето на автомобилите, се очекува овој да го добие името GLA. Иако, основната верзија ќе биде само со преден, концернот од Штутгарт најавува и модификација со погон на сите четири тркала. Акцентот ќе биде ставен на динамиката и стилот на возилото, а off-road вредностите се во втор план.
Се очекува должината на новиот модел да биде 4.440 mm, ширина околу 1.800, а висината 1.500 mm. При тоа, растојанието помеѓу двете оски ќе биде околу 2.700 милиметри, а обемот на багажникот околу 500 литри. Моторите на компактниот кросовер ќе бидат преземени од новата A класа, а на пазарот тој ќе им конкурира на Audi Q3 и BMW X1.
Објавено во соработка со Авто Плус.