Милитао ќе биде отсутен четири месеци

Неволјите за Реал Мадрид продолжуваат, особено по поразот од Селта, кој ја загрижи јавноста и предизвика главоболки кај тренерот Алонсо. Но, уште поголема вест е повредата на Едер Милитао.

Бразилецот веќе минатите две сезони имаше сериозни повреди, што доведе до ограничен број на настапи во Примера, само 22. За жал, и оваа сезона се соочува со проблеми со повредите.

На натпреварот против Селта, 27-годишниот играч мораше да биде заменет во 20-та минута со помош на медицинскиот тим, а прегледите покажаа дека има скинат бицепс феморис на левата нога, со зафатена и тетива.

Според прогнозите, тој може да остане надвор од терените и до четири месеци.

Во среда, Реал ќе го пречека Манчестер Сити во натпреварот од Лигата на шампионите.

Фото/ freerangestock