Милиони сијалички за пречек на зимата (видео)

Во Европа и Америка, разнобојните трепкачки сијалички по улиците се сигурен знак дека се ближи Нова Година и Божиќ. Но во земји како Јапонија, каде христијанството е помалку присутно, „божиќните светла“ имаат поинакво значење. Како дел од традицијата („Winter Illuminations“), парковите и градските области низ Јапонија се украсуваат со безброј вакви светкави украси, со цел да се пречека зимата и да се внесе нова убавина и светлина во зимските ноќи. Еден од најимпресивните во тој поглед, е паркот Nabana no Sato.

Секоја година, паркот одржува традиционален настан што слободно можеме да го преведеме како „Рецитал на зимски сијалици“. Оваа година, тематските декорации се во знакот на „празнување на планината Фуџи како светско наследство“. Токму оваа беше годината кога Фуџи ја доби титулата од УНЕСКО, па во знак на тој настан, паркот постави околу 8.5 милиони трепкачки сијалички.

Токму таа е една од најимпресивните инсталации – самата планина. Сијаличките ги менуваат боите како репрезентација на изгрејсонцето, месечината, пролетното расцутување и сите други позначајни настани во животот на една планина, не само преку годишните времиња, туку и во текот на еден ден.

illumination01

illumination02

Не помалку ќе уживате и во „Тунелот на светлината“. Овде, околу 1.2 милиони „цветни“ сијалички се употребени за да формираат 200 метри долг коридор. Нема потреба да спомнеме колку е романтично, ова би било идеално место за љубовни состаноци во зимата. Постои и уште еден помал тунел од 100 метри, составен само од LED сијалици. Секоја година, бојата на овие тунели се менува, од златна па до сите бои на виножитото заедно. Човек мора со свои очи да види, за да ја почувствува суптилноста на големата промена.

illumination16

illumination10

illumination12

illumination15

Уште една прекрасна инсталација се пловните светла над езерото во паркот. Ова е најголемата инсталација со осветлување на вода во Јапонија. Одблесокот на светлата во мирната езерска вода е просто запрепастувачки убав.

illumination08

illumination07

illumination17

За да можете да ја видите „големата слика“, паркот нуди шанса да се повозите на обзервациона палуба налик на НЛО, која ротира за цели 360 степени, давајќи ви можност да го видите целиот парк под вашите нозе.

illumination18

Ако некогаш се најдете во Јапонија и ако сте заинтересирани да ја искусите јапонската зимска традиција, ако сакате да почуствувате празничен дух, или едноставно барате романтично рандеву, Nabana no Sato е дефинитивно најдобриот избор што не смеете да го пропуштите. Еве како манифестацијата изгледаше лани, за да се уверите:

- Реклама -