Станете милионер со играње игра.
Во текот на годината во светот се одржуваат четири големи Dota 2 турнири, а овогодинешниот награден фонд за турнир во Сиетл изнесува 12,6 милиони долари.
Денес играњето видео игри може да биде многу исплатлив бизнис доколку на тоа го посветите својот живот. Ова го докажува и фактот што победниците на Dota2 турнирот освојуваат милиони долари.
Лани членовите на победничкиот тим освоија дури 5 милиони долари, што е 46 проценти од тогашниот вкупен фонд.
Турнирот се одржува во Сиетл од 3 до 8 август, а во него учевствуваат 16 екипи.
Голем доринос за фондот од 12,6 милиони долари имаат самите играчи. Имено, турнирот е конструиран така што 25 проценти од сите уплати на играчите одат во фондот за натпреварот. Играчите кои купуваат пакети во игрите добиваат посебни погодности и напредуваат во левелите.
Собирањето на пари за фондот уште трае, па можно е до почетокот на турнирот наградата да биде уште поголема.
Во текот на годините во светот се одржуваат четири големи Dota 2 натпреварувања, а круната е токму Dota 2 International во Сиетл. Лани биле распродадени 17.000 места, истото се очекува и годинава.