Црно-белите од Торино го слават Аркадиуш Милик, затоа што донесе триумф со гол од слободен удар, точно кога истекоа регуларните 90 минути. Биеше од косо, ниско, топката отскокна точно пред голманот над омаќините и заврши во мрежата. Јуве беше без Погба, Влаховиќ, Бонучи, Квадрадо и Ди Марија, но тренерот Алегри и покрај тоа состави опасен тим.
Ова е десетта победа за Јувентус, со која дојде до 34 бода, на третата позиција, зад Милан со 36 и Наполи кој има 41 пред вечерашното дерби со Интер.