Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник или однапред запишани бодови. Нѐ очекуваат сериозни натпревари, изјави селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски.
По извлекувањето на групите за Лига на нации, Милевски истакна дека мора да бидеме на максимално ниво за да бидеме конкурентни за првото место.
Нашата репрезентација е во група со Бугарија, Грузија и Гибралтар.
„Грузија е репрезентација против која одигравме неизвесни натпревари во последниот период. Бугарија одигра нерешено против Европскиот првак, Италија. Тоа значи дека нашиот противник бележи значителен напредок. Гибралтар се разбира дека не е истата селекција од првото издание на Лига на нации кога се соочивме во иста група“, изјави Милевски.
Според него, денешниот фудбал едноставно не трпи поинаков пристап.
МИА