Миленичето Чипичан како апликација

Култната играчка на 90-тите години позната како Чипичан или оригиналниот јапонски назив „Тамагочи“ ќе оживее како апликација за iPhone и Android.

Наскоро се очекува да се појави електронски вид на популарната играчка Чипичан. Станува збор за апликацијата Tamagotchi L.I.F.E која ќе биде достапна за гаџетите кои поседуваат iOs и Android оперативни системи.

Создавачот на апликацијата е всушност таткото на овој изум, Jапонецот Намко Бандаи, кој ја измисли играчката која се засноваше на грижа на црно-белото милениче и тоа со помош на само три копчиња и која функционираше на батерии.

e27e3f94e57c410

Класичната верзија на апликацијата вклучува цел сет на мини игри, на пример секојдневно вашето виртуелно милениче ќе треба да го храните, пресоблекувате и грижите за неговото здравје, а неговите потреби ќе ги препознавате според изразите на лицето кои се запаметени како ретро моменти.

Апликацијата Tamagotchi L.I.F.E веќе е достапна за Google Play, а во App Store ќе се појави наскоро.

tamaorig_2474626b

Првата ваква играчка на пазарот се појави во 1996 година и направи вистински бум на пазарот. Основната задача и тогаш и денес ќе биде грижата за миленичето бидејќи во спротивно тоа умира.

- Реклама -