Милеи: Лондон ќе добие план за враќање на Фолкландските острови на Аргентина

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и вети на Велика Британија „мапа на патот“ за предавање на Фолкландските острови на Буенос Аирес.

„Сакам да го повторам нашето непоколебливо право на островите и да се обврзам дека за време на нашата влада ќе имаме јасна мапа за враќање на Малвините (Фолкландски Острови) на Аргентина“, рече Милеи.

Аргентинскиот претседател претходно вети дека ќе и ја врати територијата на Аргентина. Лондон постојано повторува дека Фолкландските острови се британски.

Осврнувајќи се на претходните администрации што ги критикуваше дека не излегле со план за враќање на Фолкландските острови во татковината, Милеи додаде дека дипломатскиот притисок треба да биде повеќе од „обични зборови на меѓународните форуми кои немаат влијание врз реалноста и му служат само на политичарот на власт да наметне лажна љубов кон земјата“.

Прочитајте и:  Британски министер: Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа
- Реклама -