Милчин: Во НАТО ќе влезевме и без промена на името

„Мислам дека членка на НАТО ќе станевме и без промена на името“, изјави режисерот Владимир Милчин, поранешен директор на Фондацијата „Отворено општество“ во Македонија, во синоќешното гостување во „Само вистина“ на „Канал 5“.

Сепак, Милчин и по влезот во НАТО не гледа големи промени:

„И да станевме членка на НАТО после три години што ќе се променеше? Што е де факто во Македонија променето откако сме членка на НАТО? Јас немам одговор на тоа, освен тоа дека некој наш функционер сега ќе оди на некоја координативна средба“, рече Милчин.

Тој откри дека ова биле први избори на кои не гласал:

„Не сакам да ми се случува да дадам глас за некого врз база на неговите ветувања, а потоа тој да се откаже од тие ветувања и да спроведе други политики. Мислам дека тоа е навредливо и мислам дека истото го чувствуваат многумина. Многумина се тешко разочарани од владата на премиерот Заев и после тоа од техничката влада“, вели режисерот.

Според него, државава на 15 јули имала нерегуларни избори. Како клучен момент го истакна фактот што Македонија 18 години нема направено попис.

„Не знаеме колку луѓе живеат во Македонија. Тоа отвора сериозни сомнежи и ако го додадете хакирањето во ДИК, како да имаме доверба во резултатите од изборите и дека имаме легитимно избрано Собрание? Индиција се и деновите во кои се броеја гласовите“, рече Милчин, кој оценува дека како резултат на ова, ќе имаме „чудна нефункционална влада“, која не работи во интерес на граѓаните, туку во интерес на партиите и бизнисот залепен за нив.

Тоа е пирова победа таа им ги врзува рацете. И да да имаат добри намери, малата разлика нема да им овозможи да ги спроведат тие добри намери. Од друга страна, ако само глумат, ова ќе им биде добро алиби. Ја имам проблем да се сетам кои се тие добри намери. Пари кои Владата ги даде на бизнисмените за работниците, тие не ги дале, ама не чувме вистинска реакција од тие кои ги доделиле. Толку работи во Македонија се најавуваат, па се забораваат. За ова мора веднаш да се реагира, техничката влада треба да ги објави имињата на газдите и ме интерсира да видам кога ќе се случи тоа, додаде Милчин.

Тој додаде дека дури и СДСМ, како победник на изборите, да има добри намери, нема да може да ги спроведе бидејќи се работи за пирова победа и малата разлика во пратеничките мандати нема да им го дозволи тоа.

„Од друга страна, ако само глумат, ова ќе им биде добро алиби“, додаде тој.

 

- Реклама -