Професорот и поранешен прв човек на Фондацијата „Отворено општество“ Владимир Милчин е разочаран од, како што вели, тоа што „правдата веќе не живее во Македонија“ особено по скандалот во СЈО во кој не верува дека не била вмешана и политиката.
„Кај нас има дистрибуција на одговорност кога моќните ќе бидат фатени во нешто незаконито, неморално и неодговорно.
Лично јас не сум учествувал во изборот на Катица Јанева и не сум одговорен за тоа. Сигнали за нејзината недоволна компетентност морало да постојат“. вели професорот според кој вистинско прашање е како Јанева била избрана.
Милчин исто така вели дека не го гледа оправдано постоењето на СЈО.
„Специјалното јавно обвинителство е измама на векот“, вели Милчин во „Само интервју“ на Канал 5.