Милан го враќа Алесандро Неста

Раководството на Милан сака да го врати во тимот ветеранот Алесандро Неста кој игра за канаадскиот клуб Монтреал, како помош за одбраната на „Росонерите“ во наредните три месеци.

Италијанските медиуми пишуваат дека Адријано Галијани сериозно размислува за оваа опција, со оглед дека во шампионатот на Канада следува тримесечна пауза.

На сличен начин во минатото Дејвид Бекам доаѓаше како позајмен играч од редовите на ЛА Галакси, но главниот проблем е што Алесандро Неста веќе си го испланирал одморот и сака да го проведе со своето семејство.

Сепак, во наредните денови се очекува Галијани да има интензивни разговори со Неста и да се обиде да го убеди повторно да се врати на „Сан Сиро“, овојпат за кус период од три месеци.

- Реклама -