Двојката не е во емоционална врска од јуни, 2011 година, а контактите ги одржуваа само поради детето. Меѓутоа, дојде до нарушување и на тие односи.
Поради медиумската помпа околу наводното повторно раскинување на Милан Поповиќ и хрватската пејачка Северина Вучковиќ, се огласи и бизнисменот преку соопштение кои во неговото име го составувале неговите портпароли.
„Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ не се во емоционална врска од јуни 2011 година. Секој контакт што го одржуваа по тој период беше исклучиво на ниво на родителска поврзаност, со желба да се договорат околу заедничкото дете и рамноправно да учествуваат во негово одгледување и воспитување, како сите родители, без оглед на тоа што нивната интимна врска е завршена. Господин Поповиќ немаше потреба да се огласува во јавност и својот живот да го дели со медиумите, како што таква потреба немаше и пред да ја почне врската со госпоѓица Вучковиќ. Исто така, немаше потреба да ги демантира шпекулациите за нивната наводна врска и смирување, се додека можеше да се остварува во улогата на татко“, пишува во соопштението, пренесува Телеграф.рс.
Потоа се наведува дека комуникациите околу заедничко старателство завршиле без договор, па Милан решил да побара помош од надлежните институции на Хрватска, за да го оствари неговото законско право и човечката потреба да биде татко на својот син. Неговиот адвокатски тим поднел документација до граѓанскиот суд во Загреб и до центарот за социјална работа.
Телеграф.рс потсетува дека менаџерот на Севе неодамна изјавил дека пејачката и Милан ја завршиле романсата пред месец и половина.