Славната актерка Мила Кунис гостуваше во „Конан шоу“, каде проговори за мајчинството и физичките промени низ кои поминала во текот на бременоста со ќерката Изабел.
Конан и рече дека ги видел фотографиите на црвениот килим, на кои што делува како Чанинг Татум да гледа во нејзините гради, што се зголемиле по бременоста.
Прочитај повеќе: Мила Кунис изгледа фантастично после породувањето
„ Тоа е грозно! Го познавам Чанинг и го сакам, но тој навистина не зјапаше во моите гради. Не знам како да се носам со нив, бидејќи никогаш пртходно сум немала. Секогаш се облекував во облека за девојчиња во која изгледав како даска, и сега наеднаш сум бујна“, вели актерката.
Мила Кунис додава дека е тешко да се навикне на ова искуство.
„Прво морам да почнам да носам градници. Тоа е едно сосема ново искуство за мене. Претходно не ми се случуваше, но мажите сега често гледаат во нив“, признава сопругата на Ештон Качер.