Мила Кунис: со задоволство ќе се соблечам, само не ме прашувајте за Ештон

00mila-kunis-covers-allure-magazine-march-2013-03-jpg

Една од најсексипилните жени на планетата нема никаков проблем да се разголи за добра филмска улога, но Мила Кунис е навистина срамежлива кога станува збор за нејзиниот љубовен живот.

Глумицата се најде на насловната страна на мартовското издание на магазинот „Allure“, за кој даде интервју и сними едиторијал инспириран од шеесетите години.

Во интервјуто Мила отворено разговарала за голотијата во филмот „Friends With Benefits“ во кој глумеше заедно со Џастин Тимберлејк. „ги покажав само градите од страна. Но не и задникот. Го добивате или едното или другото, не може и двете.“

Таа воедно додала и дека после нејзината деветгодишна врска со Меколи Калкин, имала период од 4 години во кој била слободна. И признала дека така се чувствувала одлично.

Сепак, сета отвореност исчезнала кога и бил спомнат Ештон Качер, нејзиниот сегашен дечко.

„Не знаев дека интервјуто ќе биде за моите пријатели, луѓето со кои се забавувам или со кои некогаш сум се забавувала. Треба да зборуваме за мене.“

Мила и Ештон се знаат 14 години, а се во врска одкако тој го прекина неговиот 6-годишен брак со Деми Мур. Од тогаш тие и покрај бројните обврски се постојано заедно.

 

- Реклама -