Бремената Мила Кунис планира да и сврти грб на холивудската кариера, откако ќе стане мајка.Таа го очекува своето прво дете заедно со нејзиниот вереник Ештон Качер подоцна оваа година и признава дека нема никакви планови да ги комбинира филмот и телевизијата со одгледувањето на бебето, бидејќи мајчинството е нејзиниот главен приоритет.
„Никогаш не сум сакала да бидам човек кој што мисли само за работа. За мене оваа работа секогаш била хоби кое стана прекрасна професија, но не јадам и не дишам со актерскиот занает “, изјави Мила пред американското издание на списанието” W “.