Мила Кунис има двојничка – и таа е актерка!

Сара Хиланд често ја мешаат со славната актерка Mила Кунис.

Сара гостуваше во шоуто „’The Meredith Vieira Show“, а сите ги интересираше како таа се носи со тоа што многумина во неа ја препознаваат славната актерка и сопруга на Ештон Качер, убавата Мила Кунис.

Хиланд има 23 години и по некоја случајност и таа е актерка, а се прослави по улогата во серијата „Modern Family“.

Таа проговори во однос на тоа како влијае оваа сличност, врз нејзината професија.

s2

„Мислам дека тоа ми е најголем комплимент. Мила е навистина прекрасна. Знаеме да се пошегуваме дека сигурно таа вели дека личи на мене, за да се чувствува помлада“, вели на шега младата актерска надеж.

- Реклама -