Мила и Ештон ќе прават свадба во Англија

Познатата актерска двојка планира свадба.

Како што пишуваат американските таблоиди, Велика Британија е конечниот избор за локација за свадбата на Мила Кунис и Ештон Кучер. Двајцата веќе подолго време престојуваат таму, поради обврските на Мила во врска со снимањето на филмот „Jupiter Ascending“, а Ештон е воодушевен од оваа земја.

ashton-kutcher-mila-kunis-coffee-couple-05

„Тие се вљубија во Британија. Сакаат што побрзо да основаат семејство. Токму затоа што се малку старомодни сакаат прво да се венчаат. Планираат свадбата да ја направат во Кралскиот павилјон во Брајтон. На Мила ѝ се допаѓа селското окружување“, навел извор за „Daily Star“.

Иако не планираат да штедат за свадбата, сепак, тоа ќе биде интимна церемонија.

mila-ashton-0918

„Нема сомнеж дека ќе биде многу раскошно, но сигурно нема да биде голема свадба. Освен нив двајца, ќе бидат присутни неколку најблиски пријатели“, рекол изворот.

- Реклама -