Мики Манојловиќ е масон? (ВИДЕО)

Мики Манојловиќ го збуни хрватскиот водител кога призна дека е масон. Водителот очекуваше славниот глумец да ја негира својата поврзаност со масоните. Глумецот Манојловиќ гостуваше во емисијата „Недела во два“ која се прикажува на хрватската радио-телевизија, и таа прилика го збуни водителот Александар Станковиќ, кој го прашал глумецот дали е член на масоните.
Мики по тој повод на хумористичен начин му одговорил дека е вистина тоа што го пишува во српските медиуми.
-„А да не бев масон, зарем ќе бев во вашата емисија?“- изјавил Манојловиќ и многу го збунил водителот кој веројатно очекувал негативен одговор.

- Реклама -