Мијалков се пријави (да преноќува) во струшкиот затвор за одлежување на казната за случајот „Империја“

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контра разознавање – Сашо Мијалков, денеска се пријавил во затворот во Струга за отслужување на тригодишната затворска казна за случајот „Империја“, потврди за МИА Управата за извршување на санкции.

Претходно Мијалков склучи спогодба со обвинителството за непријавен имот во случајот „Империја“, по што ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, што му овозможи казната да ја служи во затворот во Струга.

Затворот во Струга е од отворен тип, односно осуденикот може да излегува во текот на денот, а таму само да преноќува.

МИА

- Реклама -