Мијалков бара да му го вратат пасошот, му треба за лекување

Екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање – Сашо Мијалков, доставил куп медицинска документација во Специјалното јавно обвинителство, со барање да му биде вратен пасошот, дознава „Независен“.

Пасошот му е потребен на Мијалков за да оди на операција на хранопровод во Германија или во Чешка, не е сигурен неговиот адвокат Љупчо Шврговски. Според него, Мијалков закажал операција на 14 август. Таа операција, вели Шврговски, не се прави кај нас, а тоа го потврдува и Клиниката преку официјално известување.

Обвинителката на СЈО – Фатиме Фетаи, која го води случајот, проценила дека Мијалков нема доволно аргументи за да му биде вратен пасошот. Сепак, Кривичниот совет уште не донел одлука. Оттаму велат дека Мијалков и претходно барал да му биде вратен пасошот. Повеќе детали, вклучително и неофицијална информација за тоа во кој град екс-директорот на УБК да оди на операција, прочитајте  ТУКА.

 

- Реклама -