Михајловска: Никогаш не сум видела ваков режим на работа на медицинскиот персонал

Статус на Билјана Михајловска:

Во болница сум веќе една недела, на Инфективно одделение (ГОБ „8 Септември”). Не ми е прв пат. Затоа и можам да констатирам дека никогаш не сум видела ваков режим на работа на медицинскиот персонал.

Маски, редовна промена на ракавици, дезинфекција на секој топломер после секој пациент, секојдневна дезинфекција на сите површини во сите соби, кварцање на соби и ходници, во секоја соба средство за дезинфекција, забрана за влез на кое било лице во целата болница, забрана за шетање на пациентите по ходници и никаква меѓусебна комуникација…

Медицинските лица прават се што можат да спречат ширење на болести.Министерот за здравство никогаш не сме го гледале толку често на прес конференции и никогаш немало толку детални информации и упатства.

Е, па другари, сега на секој од нас останува да се погрижиме за своето здравје, да не изигруваме здравствени експерти на тастатура и дувни-ветре ликови во реалноста. Не може министерот да ни ги мие рацете или да стои на граница и да ни мери температура. Не дигајте паники и мијте раце. Многу е просто. Ви посакувам добро здравје <3 Р.Ѕ. Не се грижете за мене, не е ништо страшно, ќе помине. Сакам само да ви кажам да си го чувате здравјето! Во болницата „8 Септември“ за НОВА потврдија дека кожниот оддел сега ќе функционира амбулантски само со една лекарка и уште една која е на почеток на специјализација. Неофицијално, лекарката не отишла на симпозиум бидејќи имала смртен случај во семејството, починал татко и. Тоа практично значи дека и на неа и следуваат три работни дена да изостане од работа поради смртниот случај. Директорот Христијан Костов вели дека лекарките дошле утринава на работа, со маски, по што биле известени дека треба да си заминат дома во изолација. „ Дојдоа утринава, со маски беа и потоа откако бевме известени со допис од ДСЗИ, заминаа во домашна изолација 14 дена. Остануваме само со еден лекар, а 10 хоспитализирани пациенти ќе бидат пуштени дома. Ќе бидат третирани само итните случаи амбулантски. Ќе се снаоѓаме некако, ќе гледаме да покриваме со дежурните интернисти“, изјави за НОВА, директорот Костов. Тој кажа дека од пред една недела започнале со втора смена на Инфективното одделение, но и таму функционираат само со тројца лекари, од кои едниот е на боледување и пред пензија.

- Реклама -