На Михајловиќ му бегаат фудбалерите

Селекторот на Србија, Синиша Михајловиќ, се соочува со откази на фудбалери од националниот тим, откако Немања Матиќ од Бенфика му порача дека нема веќе да игра за селекцијата додека тој е на кормилото.

„Точно е, ги известив луѓето од ФСС дека нема веќе да го носам дресот на Србија. Не влегов во игра на пет натпревари под раководство на селекторот Синиша Михајловиќ, по што мислам дека сум небитен за националната селекција. Во таков случај, нема потреба ниту да доаѓам“, изјави Матиќ за српските медиуми.

Михајловиќ има сѐ повеќе незадоволни фудбалери, со оглед дека тој имаше жестоки караници и со дел од најдобрите српски фудбалери, Бранислав Ивановиќ и Александар Коларов.

- Реклама -