Microsoft се откажува од Windows XP на 8-ми Април, што понатаму со нашите компјутери?

На 8-ми Април, Microsoft официјално ќе ја исфрли подршката, услугата, сервисните детали и безбедносни ажурирања за Windows XP. Веќе подолго време беше најавувано, но ете го финалниот датум кога овој систем повеќе нема да добива никаква подршка од компанијата. Што понатаму? Како ќе се снаоѓаме во свет без Windows XP? Како да се ориентираме на вистинската страна, без да почувствуваме товар затоа што Windows XP повеќе нема да постои?

Без разлика дали сеуште го преферирате Windows XP или компанијата во која работите одамна нема направено надградба на верзијата која ја користите, бидете безгрижни. Надградувањето кон поновите верзии на истиот оперативен систем од Microsoft –Windows 7 или Windows 8 е најдобриот начин да останете во чекор со овој систем.

Доколку сте отворени за алтернативни предлози, секогаш можете да се префрлите на Linux системот. Еве како најлесно да го пребродите фактот што повеќе нема да има новости и надградби за Windows.

1. Проверете дали вашиот хардвер е компатибилен со Windows 7 или Windows 8

Прочитајте и:  „Ноутпад“ и „Пејнт“ добиваат нови ВИ-функции

Сите официјални фактори кои морате да ги исполнувате, односно кои вашиот компјутер мора да ги исполни, доколку сакате да се префрлите на поновите верзии, можете да ги прочитате ОВДЕ за Windows 7 и ОВДЕ  за Windows 8.

2. Изберете помеѓу Windows 7 и Windows 8

Доколку изберете да останете со Windows системот, следната одлука е кон која верзија сакате да ја надградите сегашната. Windows 7 е далеку поомилена верзија кај корисниците, но иако Windows 8 наиде на повеќе негативни коментари, оваа верзија не е толку лоша. Истражете на Интернет која верзија најмногу би ви одговарала.

3. Користете ги Windows вградените алатки и измени со цел да ја олесните транзицијата

Без разлика која верзија ќе ја изберете, секогаш постојат вградени алатки и дотерувања кои можете да ги искористите за да го оптимизирате перформансот и да ја олесните транзицијата.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -