Microsoft развива смарт технологија за да го открие вашето моментално расположение

Microsoft работи на нова смарфтон технологија, која може да го насети вашето расположение и автоматски да го сподели тоа со вашите пријатели на социјалните мрежи. Истражувањето на хартија е напишано од Microsoft Research во Азија и прв откриен од Techworld во Австралија, а открива дека компанијата експериментира со смартфон сензори за расположение, што може да детектира како се чувствувате.

microsoft-mood-ring

Технологијата е наречена МооdScope, a ќе овозможи корисниците автоматски да ги споделат состојбите на расположение со пријателите во вистинско време на мрежите како што е Facebook. Некои сензори мерат светлина и забрзување, но МооdScope ќе ја мери менталната состојба на своите корисници и ќе ги калсифицираат учесниците кои се чувствуваат напнато, вознемирено, здодевно, смирено, стресно или возбудено. Од Мicrosoft велат дека оваа технологија ќе помогне другите да се информираат пред да зборувате вие со нив, со предност како да знаете однапред точното време кога вашиот шеф е вознемирен.

optimised_graphic

Сензорите за расположение ќе им овозможат на корисниците дигитално да комуницираат поблиску на начин како што го прават во реалниот живот. Автоматскиот сензор не само што ќе ја подобри употребливоста, но што е најважно ќе ги намали социјалните бариери за корисникот да го сподели моменталното расположение. Ние често не кажуваме на другите какво ни е расположението, но исто така не се ни обидуваме да го прекриеме нашето расположение. Според извештајот Microsoft веќе направи прототип со кој може да се препознае вашето расположение со точност од 66 отсто во просек. Во истражување со 32 испитаници, точното ниво на детектирање на расположението “скокна” за 95 отсто по два месеци тренинг.

Прочитајте и:  „Ноутпад“ и „Пејнт“ добиваат нови ВИ-функции

microsoft-moodscope

Друга предност како што велат од Microsoft е што другите услуги може да имаат бенефит од детектирањето на расположението. – Видео и музичките системи кои даваат препораки како Netfix и Spotify би имале корист од користењето на расположението како влезен податок за нивните препорачани алгоритми. Со дознавањето на информацијата какво е расположението на корисникот и градењето на параметри врз основа на претходно селектирани предмети, овие провајдери може да препорачат различни медиуми да одговарат на моменталното расположение на корисникот.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk.

- Реклама -