Microsoft добиле одобрение за патент кој би ги однел видео игрите во нова димензија, дозволувајќи слики од телевизорот да бидат проектирани на ѕидовите на вашата соба, создавајќи виртуелен дисплеј од 360 степени.
Компанијата, која го поднела патентот во март 2011 година, ја опишува технологијата која би проектирала периферна слика на вашата околина. Фокусот сè уште ќе биде на примарната слика – на пример она што е прикажано на телевизорот – но сепак ќе имате и дополнителни проекции околу вас.
Ова значи дека кога играте акциони игри, ќе можете да погледнете зад вас додека вашето „оружје“ е свртено кон непријателот. „Уживањето на корисниците на видео игри може да биде подобрено со создавање на пореалистично искуство“ пишале од Microsoft во барањето за патентот.
„Претходните обиди за создавање на пореалистично искуство се фокусираа на промена од дводимензионални во тродимензионални техники за анимирање, зголемување на резолуцијата, подобрување на звучните ефекти и создавање на поприродни контроли. Ваквите елементи типично се неповрзани со прикажаната слика со што се намалува забавниот потенцијал на искуството.“
Microsoft вели дека претворањето на собата во виртуелен дисплеј може да го подобри целото искуство. За постигнување на ова тие ќе инкорпорираат камера која ќе ја детектира длабочината и распоредот на собата како и положбата на играчот и боите на мебелот и ѕидовите.
Не е јасно дали Microsoft ќе го употреби патентот но потенцијалот за овој тип на иновација во видео игрите би било значајно. Но многу веројатно би било дека патентот би бил искористен за експанзија на Kinect системот. Ова не е првиот пат компанија да се обиде да го спои гејмингот со аугментирана реалност, Sony неодамна создаде видео со сличен предлог. [Immersive display experience]