Microsoft официјално го претстави Lumia 535

Ова е првиот паметен телефон од серијата, кој не е со логото на Nokia.

Microsoft и официјално го претстави Lumia 535. Смартфонот не е многу различен од она што Nokia го претставуваше, но е првата Lumia со логото на Microsoft.

Lumia 535 е со 5-инчен qHD дисплеј (960 х 540), quad-core процесор од 1.2GHz и 1GB RAM меморија, што е зголемување во споредба со 512MB кои сме ги виделе кај другите буџетски телефони од серијата. Тоа е добар чекор, бидејќи многу од Windows Phone игрите бараат повеќе RAM.

Предната камера е 5 мегапиксели со широкоаголен објектив. Microsoft ќе ги привлекува потенцијалните купувачи со она што таа го нарекува “5х5х5” – тоа се пет интегрирани услуги на Microsoft – Skype, Office, OneDrive, Cortana, и OneNote. Не можеме да го прифатиме тоа како единствен предлог, особено имајќи предвид дека iOS и Android верзиите на овие апликации се прилично добри, отколку за WP.

txdamvdsqrgm6df0zge5-620x330

По се изгледа дека во моментов Microsoft се фокусира на уредите од пониска класа. Компанијата нема предводник, кој ќе се бори со останатите гиганти на пазарот, како на iPhone 6, Nexus 6 и многу други. Можеби единственото најинтересно нешто околу новата Lumia 535 е цената. Таа ќе се нуди во две варијанти –  со една SIM картичка и втор кој поддржува 2 сим картички. Цената ќе биде околу 110 евра (130 долари). Тоа е зголемување во споредба со Lumia 530, која се предлагаше за 114 долари, но за повисоката сума која корисниците ќе ја платат, ќе добијат поголем дисплеј и подобри карактеристики.

Првично Microsoft Lumia 535 ќе се нуди на азиските пазари, со тоа што во наредните месеци ќе започне продажбата во Русија и на Блискиот Исток.

- Реклама -