Microsoft штотуку го најави новиот изглед на корпорациското лого. Ова е прва голема промена по 25 години со претходниот изглед.
За Seattle Times, Џеф Хансен од Microsoft изјавил дека новото лого е „сигнал за историјата но и за иднината – новитет и свежина“. Microsoft се подготвува за лансирање на нова серија производи за празничната сезона, вклучувајќи ги Windows 8 и Windows Phone 8 оперативните системи и новиот Surface таблет.
Новото лого на софтверскиот џин е одраз на промените во брендирањето на компанијата поттикнати од новиот изглед на Windows 8. Office тимот прифатил изглед сличен на оној на Windows 8 а Windows Phone 8 го завршува триото производи кои ќе го претставуваат есенското ребрендирање на Microsoft.
{youtube}OzkZWvAJUr0{/youtube}
Новото лого полека ќе биде раширено низ производите на компанијата што значи дека „ќе има многу програми кои сè уште ќе го користат старото лого“. Новиот симбол е „важен во свет на дигитално движење“ вели Хансен.