Microsoft креираше тастатура за Android Ware со која се пишува со “цртање” на знаците

Microsoft минатиот месец ја објави OneNote апликацијата, но тука не застанува подршката за Google паметните часовници.

Компанијата пушти прототип-тастатура за часовникот – Analog Keyboard, која го користи екранот за внесување на текст со цртање на буквите. Со истата сакаат да направат револуција во пишувањето на паметен часовник, за кој некако е незамисливо да се вгради тастатура, а ќе биде конкурeнт и на гласовното внесување на текст во ситуации во кои не би сакале да му “зборувате” гласно на уредот.

Тастатурата на Microsoft Research ги поддржува уредите со резолуција од 320 на 320 и Moto 360, а може да се користи за внесување на букви (засега само мали), бројки и специјални карактери. Апликацијата е веќе достапна, но за инсталација на истата е потребно да се направат повеќе посложени чекори, посебно за Moto 360 на кој недостасува USB приклучок.

Прочитајте и:  „Ноутпад“ и „Пејнт“ добиваат нови ВИ-функции

Се прашуваме дали би овозможила внесување на кирилични букви?

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -