Microsoft Kinect стана најбрзо продаваната електронска направа на сите времиња. Компанијата постави рекорд откако потврди дека има продадено десет милиони уреди во целиот свет од првото претставување пред четири месеци.
Направата беше многу популарна и Microsoft успеа да продава над 133.000 уреди дневно во првите 60 дена. Бројките се значително повисоки од оние на iPhone и iPad по нивните претставувања. Kinect е направа за конзолата Xbox која чини околу 150 евра. Успехот на овој производ му помогна на Microsoft да ги зголеми својот профит во последниот квартал од 2010 година.
Газ Дивс, уредник на Гејмерското Издание на Гинисовите Светски Рекорди 2011 изјавил: „Бројките говорат сами за себе. Можеме да потврдиме дека ниту една друга електронска направа се продавала побрзо во првите 60 дена, неверојатно постигнување ако се земе во предвид силата на секторот.“
Кинект користи камера поврзана со конзолата за да го следи движењето на играчите. Технологијата беше развиена како одговор за Ninentndo Wii. Sony исто така се обиде да навлезе во овој сегмент од пазарот со нивниот Move контролер и успеале да продадат 4,1 уреди само во првите два месеци. [Microsoft Kinect thrashes iPad and iPhone as it is declared fastest-selling electronic device on record]