Мицкоски: Ахмети од востаник стана обичен криминалец кој што ќе го паметат и Албанците, и Македонците, и Турците, и Ромите, и Србите, и Бошњаците…

„Победата е на дофат. И таа победа е создадена од сите надежи на луѓето кои не гласаа во првиот круг на изборите, и е последица на сите страдања и понижувања кои ги донесе оваа власт“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Ѓорче Петров.

Мицкоски додаде дека народот е определен дека сака промени, а убедливата разлика од над 180 илјади гласови е гаранција дека народот сака подобро, сака подобар живот, подобра економија, сака да си ја врати контролата над сопствената држава.

„И навистина гледам дека пораките од првиот круг од изборите власта не ги сфаќа. Ним народот им е виновен, наместо да погледнат во сопствениот двор“, рече тој.

„Тие од СДСМ не разбираат дека партијата, а потоа и цела власт во државата му ја подарија на Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи и Талат Џафери. Овие луѓе пак од партијата ДУИ направија трговско друштво за криминал и тендери. Стотини души распоредени на позиции управуваат со цела Македонија, злоупотребувајќи ги страдањата и надежите на целиот народ, нивните судбини, нивните проблеми кои ги создаваат, нивната мака. ДУИ стана мафијашка структура, наместо како тие што сакаат да се претстават европска партија. Иако устите им се полни со Европа, нема ништо посмешно и потрагично во исто време кога Артан или Бујар зборат за европски фронт“, појасни Мицкоски.

Мицкоски укажа дека тешко на Македонија ако СДСМ и ДУИ се европската иднина како што лажно се преставуваат. Нема полоша услуга и за ЕУ кога ДУИ на Артан, Бујар и Талат збори за европски вредности. Сигурно од таму се молат овие луѓе да не зборат за принципи и европски вредности.

„А од СДСМ не знаат дека Али е човек кој седи на повеќе столици истовремено. Во исто време кога СДСМ ги теши за поразот, ми праќа мене емисари за договор. И кога ова јавно го кажувам, вели дека во политиката влегол како востаник и дека замислете што вели Али Ахмети дека тој направил коалиција таква каква што направил со помалите етнички заедници затоа што ВМРО-ДПМНЕ помалите етнички заедници ги гледал со презир. Од овде од Ѓорче сакам да му порачам неколку работи, прво точно е дека на маката и надежта на нашите сограѓани Албанци и измамата од 2001 почна како востаник кој што се претвори во блискоисточен шеик кој што сега со крадените пари ужива во своите хациенди во Зајас. Тоа е точно. Точно е дека голобради момчиња, дел од неговата фамилија во меѓувреме додека тој кажува дека бил голем востаник, купуваат трговски центри за десетици милиони евра во  центарот на Скопје. Исто така е точно, додека тој себеси се опишува во својата лична епопеја и романтична приказна како востаник, членови на неговото семејство возат ролс ројс, мерцедеси, мајбах, ренџ ровер џипови, имаат возен парк од неколку милиони евра. Се е тоа точно, дека тој се обидува повторно да тргува со гласовите на Албанците во Македонија. И додека тој ги убедува Албанците во Македонија дека е востаник, си врват бизнисите, си врват тендерите, милионите, и еврата завршуваат во џебот и на конто во семејството. Вистина е тоа Али Ахмети, дека ти си востаник ама сега во овие 23 години постепено но сигурно се претвори во ништо повеќе од обичен криминалец. И наместо да завршиш како идеолог, во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец кој што ќе го паметат и Албанците, и Македонците, и Турците, и Ромите, и Србите, и Бошњаците, итн.“, нагласи Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме

Мицкоски порача дека црвениот картон на СДСМ и ДУИ мора да се даде масовно на 8 мај со огромна излезност на изборите.

- Реклама -