Деновиве сме дел од Самитот на Европската политичка заедница. Тука сме заедно со потпретседателот на Владата, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, објави премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил.
– Во текот на утрешниот ден ќе бидам активно вклучен во настаните коишто ќе се случуваат на Самитот и ќе зборувам за предизвиците коишто следат во делот на енергетиката и економијата од аспект на регионалното поврзување за балканските држави, напиша премиерот Мицкоски на ФБ.
Домаќин на самитот на Европската политичка заедница е британскиот премиер Кир Стармер, а ќе се одржи во историскиот амбиент на палатата Бленхајм во Оксфордшир, Англија.
ЕПЗ е меѓувладин форум за политички и стратешки дискусии за иднината на Европа, основан во 2022 година по руската инвазија на Украина, во кој учествуваат 47 европски држави од кои 27 членки на ЕУ.