Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера како што најави, беше во Кичево, каде Александар Јовановски го победи Фатмир Дехари во градоначалничката трка во вториот круг.
„Окото е полно и душата е полна. Ви благодарам кичевчани. Дозволете ми да му ја честитам победата на Александар, на вашиот нов градоначалник во Кичево. Да му посакам успешна работа, а ние како влада заедно со него ќе сториме се што можеме и се што е во наша моќ да реализираме проекти кои ќе значат подобар живот за кичевчани и модерно и поубаво Кичево. Вечерва ќе се радуваме, а од утре ќе ги засукаме ракавите, не чека многу работа. Кичево гласаше за слобода, се ослободи од човекот кој се богатеше на грбот на кичевчaни, на грбот на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи и сите останати. Тоа е веќе минато, кое никогаш нема повторно да се повтори на овој преубав наш заеднички град. Кичево доби родител, сопруг, татко, доктор, но она кое најмногу го доби сплотување и обединување. Им благодарам на сите оние кои го дадоа гласот за Александар, и Македонци, и Албанци, и Турци, и сите. Ви ветувам дека со ништо нема да дозволам вашата доверба, чест и достоинство некој да ги изневери. Ветувам напорна, трудољубива работа. Сите да се обединиме околу политиките на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ги повикувам сите граѓани, ова е наша заедничка држава и заедно ќе си ја градиме“, изјави Мицкоски.




